Божикен инклузивен натпревар во Кавадарци со порака за еднаквост и почитување на различностите
- Божикен инклузивен натпревар се реализираше денеска во Кавадарци, со цел подигнување на јавната свест и унапредување на инклузивноста во општеството. На настанот учествуваа екипите на „Кавадаречки срца“, Здружението на слепи лица – Кавадарци, како и вработени од компанијата „Дим-метал“.
Кавадарци, 8 јануари 2026 (МИА) - Божикен инклузивен натпревар се реализираше денеска во Кавадарци, со цел подигнување на јавната свест и унапредување на инклузивноста во општеството. На настанот учествуваа екипите на „Кавадаречки срца“, Здружението на слепи лица – Кавадарци, како и вработени од компанијата „Дим-метал“.
Орданче Бошковски, координатор на кавадаречкиот Центар за невладини организации, во кој се сместени повеќе здруженија од различни области, појасни за МИА дека целта на турнирот е да се подигне свеста и да се зголеми инклузивноста во општеството.

- Ние заеднички посакавме среќен и благословен Божиќ на сите. Упативме порака да нема предрасуди и да се почитуваат различностите. Нашиот пример треба да го следат и други. Ова е само една од низата активности што ги имаме, со единствена желба, секој да е почитуван, бидејќи секој го заслужува тоа. Преку секојдневната дружба, ги откриваме талентите на секој од нас и се трудиме да ги развиваме тие таленти, во рамките на максималните можности, подвлече Бошковски.
Тој најави и многу други вакви и слични активности и во иднина. свд/дма/
Фото: МИА